Груби: Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да гласа „за“ законот за јазици, тие се негови коавтори со ДУИ и со СДСМ

Во Собрание, според неофицијалните информации утре ќе се одржи продолжение на 32. Седница во обид да се најде решение за поднесените над 35.000 амандмани од страна ВМРО-ДПМНЕ на законот за јазиците.

Седницата сѐ уште не е официјално најавена, но наводно бова било договорено на денешната координација на претседателот на Собранието, Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи на која присуствуваа и потпретседателите на Парламентот.

На координацијата, вообичаено, не присуствувале претставници на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата потврдуваат дека не биле на координацијата со Џафери, но неофицијално велат дека ќе имаат партиска координација за евентуално присуство на собраниската седница и за идните чекори.

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби денеска повтори дека законот за јазиците оваа недела треба да се донесе и вели дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да гласа „за“.

„Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да гласа за законот за јазиците во Собрание, бидејќи тие, заедно со нас и со СДСМ се коавтори на законот и потписници на Рамковниот договор. Со гласањето ‘за’ законот ќе го покажат новото лице на ВМРО-ДПМНЕ, посебно во однос на албанската заедница, но и кон меѓународната заедница.

Ова им е прва и одлична шанса да покажат дека си ги надминале предрасудите и дека прераснуваат од архаично-конзервативна партија во модерна десничарска граѓанска опција. Сѐ друго би било груевизам“, изјави Груби за МКД.мк.

Груби вчера на средбата со амбасадорот на Италија, Карло Ромео, рече дека ниту еден друг закон не е дебатиран повеќе и подолго од законот за јазиците и затоа дојде време деновиве да се затвори ова прашање со што успешно ќе се заокружи нормативниот дел на Рамковниот договор.

И премиерот Зоран Заев вчера рече дека неделава се очекува да биде донесен законот за употреба на јазиците, а по девет месеци расправата треба да биде завршена.

„Прашањето треба да биде што побргу затворено. Порано овие закони се носеа по самото завршување на парламентарните избори, сега дадовме девет месеци дебата. Сите кажаа сè што имаа да кажат. Тоа е оневозможено уставно право на граѓаните од другите етнички заедници. Нека се донесе законот, нека се спроведе и ќе видиме сите дека не било ништо толку тешко и трагично, туку ќе овозможи полeсно да се разбираме едни со други“, изјави Заев.

Според него, пратениците од парламентарното мнозинство дале уште една недела шанса за дијалог и разговор за решение прифатливо за опозицијата.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе