По денешната средба во Клубот на пратениците

Алмакос: Груби навива за Димитров и со Зечевиќ ќе бара консензуален кандидат

Пратеникот Артан Груби и близок соработник на лидерот на ДУИ Али Ахмети, отворено ќе лобира Никола Димитров да биде консензуалниот кандидат на неговата партија и на СДСМ. Груби и Миле Зечевиќ, организациски секретар на СДСМ, по денешната средба на Зоран Заев, претседателот на СДСМ и Ахмети, добија задача оваа недела да најдат заеднички кандидат, јави Алмакос.

На денешната средба во Клубот на пратениците Заев и Ахмети се согласија за тоа дека се за заеднички кандидат за претстојните претседателски избори, но денеска во јавноста не излегоа со конкретни имиња. Биле спомнати 5 имиња за можни кандидати, но засега нема конечен избор.

Повикувајќи се на извори од партијата, Алмакос пишува дека Артан Груби отворено е за претседателската кандидатура на Никола Димитров, актуелниот министер за надворешни работи.

Алмакос потсетува на информациите објавени главно во медиумите на албански јазик за тоа дека Димитров како амбасадор во Хаг помагал во одбраната на Јохан Тарчуловски во процесот на Хашкиот трибунал како воен злосторник. Објавена е и фотографија и видеоснимка од тоа како Димитров и Тарчуловски се поздравуваат.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе