По информациите дека ќе лобира за Димитров

Груби: Мој единствен фаворит за сите функции е Ахмети, сѐ друго е платеничка пропаганда

Пратеникот на ДУИ Артан Груби вечерва остро реагираше на информациите што ги објави порталот Алмакос дека тој отворено ќе лобира Никола Димитров да биде консензуален кандидат на ДУИ и на СДСМ. Во изјава за МКД.мк Груби вели дека ваквата информација е лажна вест и очајна платеничка пропаганда.

„Мојот единствен фаворит за претседател на држава, премиер, претседател на Собрание, претседател на ДУИ и лидер на Албанците, бил, е и ќе биде Али Ахмети. Сѐ друго се лажни вести и очајна платеничка пропаганда“, ни изјави Груби. 

Порталот, повикувајќи се на извори од партијата, објави дека Артан Груби отворено е за претседателската кандидатура на Никола Димитров, актуелниот министер за надворешни работи, а заедно со Миле Зечевиќ, организациски секретар на СДСМ, по денешната средба на претседателите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, добил задача оваа недела да најдат заеднички кандидат.

„Патетична пропаганда на очајници што постојано се во служба на едни или на други, зависи кој ги ‘погалува’ или тапка по рамо”, вели Груби. 

По денешната средба во Клубот на пратеници Заев изјави дека нема договор за заеднички, консензуален претседателски кандидат, но се согласиле дека има основа на изборите да се излезе со таков кандидат.

Ахмети, пак, пред новинарите кажа дека одлуките за претседателскиот кандидат треба да бидат во корист на државата, мнозинството граѓани и на партиите и потврди дека разговорите ќе продолжат на ниво на организациски секретари.

Ж.П.Б. 

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе