Случај „Жолта куќа“

Груби: Јас само преведував за Хашкиот трибунал

Вицепремиер Артан Груби негира каква било инволвираност во случајот „Жолтата куќа“, напротив тој тврди дека и во обвиненијата за косовскиот претседател Хашим Тачи и експретседателот на косовското Собрание не се споменува „Жолтата куќа“ и дека тој работел само како преведувач за Хашкиот трибунал..

„Работев за Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 година и во албанскиот град Бурел бев заедно со иследникот на Хашкиот трибунал, по претходни наводи за наводни злосторства таму и се утврди дека нема никаков случај. Во неговиот извештај тоа го кажа и се затвори. Бев службено како дел од Хашкиот трибунал. Секоја година се отвора оваа тема, едноставно моето сиви е јавно објавено не веб-страницата на Владата, претходно на Собранието, и сите знаат дека сум работел во Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 година во канцеларијата на обвинителката како преведувач и тоа сум работел на истраги и во Македонија, Косово, Албанија, во Црна Гора и Србија и нема ништо спорно во мојот ангажман.

Ако сте го читале обвинението, ќе забележите дека „Жолтата куќа“ воопшто не се споменува. Јас бев во Албанија во 2004 година, а наводите за направени злосторства се од 1998/99 година. Бевме таму како дел од истрагата, јас бев асистент на иследникот, но „Жолтата куќа“ воопшто не е дел од обвинението против претседателот на Косово, експретседателот на Собранието, туку други наводни злосторства од 1998 и 1999 година“ вели Груби.

Според Груби отворањето на случајот „Жолта куќа“ и неговото вмешување во истиот во Албанија е за предизборни цели.

„Во Албанија се одвива предизборна кампања и обвинувавања помеѓу позицијата и опозицијата дека наводно лидерот на опозицијата бил дел од истрагата во „Жолтата куќа“, додека работел за УНМИК во департментот за правда и оправдувањето на опозицијата беше дека не Баша, туку јас сум бил вработен во Хашкиот трибунал како дел од тој процес. Сето ова е дел од предизборна кампања во Албанија во која не сакам да бидам дел, ниту да бидам инволвиран“, вели Груби.

Дали го знаевте минатото на Артан Груби, пред и за време на косовската војна, дали ја знаете неговата улога во Хашкиот суд и во врска со „жолтата куќа", беше запрашан лидерот на ДУИ Али Ахмети од водителот на интервјуто на ТВ 21, поради информациите во јавноста дека Груби, долгогодишниот негов најблизок соработник се споменува дури и во контектстот на „жолтата куќа", која се споменува како место на страшни злосторства во Албанија изршени за време на косовската војна каде од заробеници, пред сѐ Срби по националност, се вадени органи заради продажба.

„Артан Груби беше преведувач и самиот ја објасни работата околу „жолтата куќа". Знаев за Груби дека работел како преведувач и службеник во седиштето на НАТО во Скопје, потоа и во холандската амбасада во Скопје, како и дека седум или осум години работел како преведувач во Хашкиот трибунал. По Хаг, работел во НАТО и во амбасадата во Скопје. Го познавам најмалку 15 години", одговори Ахмети.

На прашањето дали како преведувач бил вклучен во истрагите порзани со „жолтата куќа", Ахмети рече дека Груби сигурно дека не бил истражител,туку само преведувач кој сигурно дека ја познавал „материјата" бидејќи бил и преведувач на луѓето кои биле „интервјуирани".

На прашањето од новинарот зошто официјална Тирана, односно Демократската партија го инволвира Груби во контекстот на „жолтата куќа" и дали е тоа обид пред Специјалниот суд покрај Тирана и Приштина да се инволвира и Скопје, Ахмети рече дека нема одговор на тоа прашање.

Претходно, бидејќи како можен сведок за злосторствата поврзани со вадењето на човечки органи се споменува лидерот на албанските демократи Љуљзим Баша, Ахмети не сакаше да коментира, рече дека доколку тој работел како преведувач дека само ја извршувал својата работа.

Инаку, за улогата на Ахмети за времето на косовската војна од 1999 година повторно почна да се говори откако тој беше повикан од Специјалниот суд во Хаг, според неговото признание, како сведок во врска со предметот - обвинението против доскорешниот претеседател на Косово Хашим Тачи. Набрзо потоа и името на Артан Груби беше споменато од страна на албански официјални личности.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе