Претседателски избори 2019

Груби: Гласовите на Река нема да одат кај Сиљановска, нема да гласаат за неевропска Македонија

Иако Гордана Сиљановска-Давкова си ги инкасираше кај себе, сепак сметам дека ниту еден од овие над 76 илјади гласови нема да е за неевропска Македонија и тоа го гарантирам, рече Артан Груби, пратеник на ДУИ.

Тој за ТВ Сител изјави дека ниту еден од тие гласови на Блерим Река нема да оди кај концепт што не е за европска иднина и за европска Македонија.

Сиљановска претходно изјави дека опозицијата победила со разлика од најмалку 70 илјади гласа заедно со гласовите на кандидатот на опозициските партии Алијанса за Албанците и Беса, Блерим Река.

Претседателот на СДСМ пак, Зоран Заев, синоќа изјави дека очекува гласачите на Река во вториот круг, на 5 мај, да постапат одговорно.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе

Суштинското синдикално организирање е во постојан пад, а за многу од работниците дури и слободниот викенд, како една од основните историски придобивки, е недостижна желба.

повеќе