Груби - Гир: Време е за датум за преговори, спорот со Бугарија да се реши што е можно побрзо

Поддршка за развојните и интегративните процеси на Македонија во Европската Унија со посебен акцент на натамошното унапредување на реформските процеси и политиките на дијалог и стратешките цели на државата, се дел од темите за кои разговарале првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и евроамбасадорот Дејвид Гир.

На средбата се зборувало и за спорот со Бугарија и неговото решавање меѓу двете земји, при што било нагласено дека е потребно што поскоро постигнување договор и надминување на овој спор и решавање на дискутираните прашања во дијалогот без никакво одлагање со претседателот Радев и со новата влада во Софија, бидејќи „патот на Република Северна Македонија кон Европската Унијата е од особена важност“.

Груби и Гир заклучиле дека целиот процес треба да се затвори без одложувања бидејќи ако не се затвори сега, спорот меѓу двете земји ќе се одолговлекува со години и ќе го блокира евроинтегративниот процес на Македонија, а од друга страна тоа може да влијае на безбедноста на земјата, регионот.

Меѓу другото, на средбата се зборувало и за политичката состојба во земјата, процесите низ кои минува Македонија, како и потребата од поголема свест кај сите политички субјекти за поадекватно функционирање на Собранието и на проширување на парламентарното мнозинство, во корист на потребите на граѓаните и спроведувањето на европската агенда.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе