Груби-Гир: Владеење на правото и неселективна правда

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, денеска оствари средба со новиот амбасадор и шеф на делегацијата на Европската Унија во земјава Дејвид Гир.

Првиот вицепремиер Груби рече дека досегашната соработка со Делегацијата на Европската Унија во земјава била и ќе остане на највисокото ниво, соопшти Кабинетот на првиот вицепремиер.

„Тој го увери амбасадорот Гир дека како координатор на ресорните политики ќе обезбеди кохезија во владината коалиција и ќе ја надгледува координацијата и исходот на процеси и спроведувањето на програмата“, се наведува во соопштението.

Груби му пренел на европскиот амбасадор дека „патот на неселективната правда и владеење на правото ќе се постигне само преку целосна транспарентност и ветингот кон сите носители на јавни функции, судиите и обвинителите".

Груби и Гир размениле мислења и за динамиката на спроведувањето на реформите, што се очекува уште повеќе да се зголемат по отворањето на преговорите со Европската Унија, при што Груби нагласил дека Владата е посветена во спроведувањето на реформите во јавната администрација.

„Амбасадорот Гир за време на состанокот со Груби подвлече дека за Европската комисија и институциите на ЕУ, спроведувањето на реформите во судството, владеењето на правото и одржувањето на добрите меѓуетнички односи, како и добрососедските односи се исто така важни, со цел да се докажат европските вредности за време на процесот на интеграција во ЕУ“, се наведува во соопштението.

Двајцата соговорници разговарале и за правичната и соодветна застапеност во државните институции, но и во приватните компании, домашни и странски, со акцент на уставниот принцип на фер и соодветна застапеност за сите граѓани, без оглед на нивната етничка припадност.

Како што се додава во соопштението, Груби и Гир разговарале и за организирање на пописот на населението во Република Северна Македонија, процес што тие оценија дека успешно ќе биде завршен во текот на следната година. 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе