Пo посетите на Приштина и Тирана

Груби ги повика Турците и Ромите масовно да се попишат

Отако ги посети Приштина и Тирана и од каде со своите домаќини беше упатен повик до албанската дијаспора масовно да се самопопише на пописот, денеска вицепремиерот Артан Груби оствари средба со претставниците на турската и на ромската заедница во земјава со цел да се упати повик за масовно регистрирање на населението.

Груби и како министер во чиј ресор се односите со заедниците преку овие средби се заложил, заедно со претставниците на турската и на ромската заедница, да се повика населението на масовен одзив на пописот, со порака дека е „важно секој граѓанин и заедница да се регистрира".

На средбата си турската заедница било потенцирано дека и преку личностите кои имаат влијание во општеството треба до секој граѓанин да се пренесе пораката за значњето на овој процес.

„Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби изрази отвореност за соработка со турската заедница и сите заедници во Република Северна Македонија", се вели во официјалното соопштени.

Потоа, Груби имал средба и со претставници на ромската заедница.

„Разговорот помеѓу Груби и претставниците на ромската заедница беше  фокусиран на важноста на пописот на населението и со посебен акцент кај ромската заедница која мора да биде активирана за исполнување на оваа граѓанска обврска, додека пораката до нив ќе биде пренесена преку личности кои имаат влијание“, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Тој истакнал дека поголемата свесност кај населението воопшто, но и од ромската заедница особено, ќе доведе до поголем број на регистрирани лица, а од друга страна и самата држава ќе има појасна слика за состојбата на населението во земјата.

Инаку, деновиве Груби беше во посета на Приштина и Тирана од каде, заедно со своите домаќини, претседателите на Косово и Албанија, како и со други државни и партиски функционери, беа упатени повици до албанската дијаспора со македонско државјанство, каде и да е во светот, што помасовно да се вклучи во самопопишувањето преку интерент апликацијата на Државниот завод за статистика.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе