Вицепремиерот за односи со заедниците продолжува со средби

Груби ги повика и Србите што помасовно да се регистрираат на пописот

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска остварил средба со претставници на српската заедница во Македонија и ги повикал да земат учество во пописот на населението, сугерирајќи дека е тоа важно не само за државата туку и за етничките права кои произлегуваат од Охридскиот договор и од Уставот.

„Целта на состанокот беше информирање за процесот на пописот и можностите влијателни личности да водат кампања за подигнување на свеста и сензибилизацијата кај припадниците на на оваа заедница да бидат регистрирани со пописот. Истовремено тоа е и обврска и истовремено можност да ги користат правата на заедниците што произлегуваат од Охридскиот договор и од Уставот, бидејќи на овој начин земјата ќе има поточен преглед на податоците за населението", се вели во соопштението од кабинетот на Груби.

Груби на состанокот истакнал дека општеството ќе биде еднакво кога сите ќе се посветат на правата на другите и дека министерството што тој го води ќе остане отворено за соработка со сите заедници.
Соговорниците разговараа за начините и формите на мобилизација за да ги охрабрат граѓаните да се регистрираат во дијаспора и во земјата, нагласуваат од кабинетот на Груби.

Инаку, вицепремиерот Груби средбите со претставници на етничките заедници во Македонија ги започна вчера со турската и ромската заедница, откако претходните денови заедно со највисоките државни претставници на Косово и Албанија, ја повикуваше албанската дијаспора што помасовно да се попише.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе