Во Вашингтон

Груби-Фалатко: Евроатлантската интеграција е неопходна и без алтернатива

Претседателот на Комисијата за европски прашања и на Групата за пријателство со САД, Артан Груби денес во Вашингтон се сретна в.д. заменик-помошничката државен секретар Сузан Фалатко, која раководи и со канцеларијата за Централна и Југоисточна Европа на Стејт департментот.

На средбата се разговарало за процесот на уставните измени и спроведувањето на Преспанскиот договор, евроатлантските интеграции на земјата, билатералните односи со САД, системските реформи, владеењето на правото и помирувањето.

Груби, како што соопштија од неговиот кабинет, им се заблагодарил на САД за големата подршка за Македонија и регионот во изградбата на демократските капацитети и нашиот пат кон интеграцијата во НАТО и ЕУ, која е неопходна и без алтернатива.

Груби ја запознал соговорничката за процесот на уставните измени кои што произлегуваат од договорот помеѓу Скопје и Атина и овозможуваат деблокирање на интегративниот процес за нашата земја, изразувајќи очекување за успешно завршување до средината на јануари следната година.

„Груби зборуваше за напорите да се задржи и да се зголеми мнозинството од две третини кое е неопходно за успешно завршување на процесот. Тој исто така ги истакна и опструкциите  кои одредени структури ги прават кон процесот, подвлекувајќи дека никој не треба да го спречи овој процес за индивидуални или групни калкулации. Секој потег кој е во спротивност со волјата на народот за интеграција во НАТО  и ЕУ и кој го ризикува патот  на процесот е неприфатлив”, се вели во соопштението.

На средбата се дискутирало и за процесот на помирување и реформите, при што Груби ги истакнал очекувањата дека до крајот на годината ќе се свика посебна седница на  Собранието за десетици реформски закони. 

Фалатко, пак, ја изразила целосната американска подршка на за Преспанскиот Договор и за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ,  како и за нашите напори за успешно заокружување на овој процес. 

Груби во американскиот Сенат, заедно со конгресмени и сенатори и колеги од 80 држави, учествуваше на 12-от Парламентарен форум на безбедноста за разузнавање на кој се дискутирало за борбата против тероризмот и надзорот над агенциите за разузнавање и контраразузнавање.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе