Очекуваат изборите да се одржат на 12 април

Груби: ДУИ не го условува законот за ЈО, немаме разлики со СДСМ

Демократската унија за интеграција очекува изборите да се одржат на 12 април и дава целосна, апсолутна, недвосмислена поддршка за Законот за ЈО, Законот за Совет на јавни обвинители, Законот за АВМУ и сите закони, вклучително и консензуално срочениот Изборен законик, изјави денеска на прес-конференција пратеникот Артан Груби, откако вчера се појавија гласини дека ДУИ не сака да се донесе законот за Јавно обвинителство.

„Очекуваме да се изгласаат законите и да се оди на избори. Повикуваме да се изгласаат законите уште денеска и да се рапсушти Собранието. Изборите беа консензуално договорени кај претседателот Пендаровски од сите партии. Договоривме датум на избори, а не датум на распуштање на Собранието. Оптимален датум е недела, 16 февруари. Убеден сум дека ова Собрание има капацитет да работи деноноќно за да се усвојат законите и да се донесат и одлуките на владата во однос на измените во кабинетот“, рече Груби.

Тој појасни дека немаат никаков проблем со СДСМ, договорени се и заедно пристапиле во коалицијата, а неговата партија била клучот за да се дојде до прагот за зачленување во НАТО и на почеток на преговори со Европската унија.

„Немаме разлики. Кочењето вчера беше поради некоординираност и затоа веднаш пристапивме, да отпочне седницата и да се исцрпи дебатата. ДУИ апсолутно ги поддржува Законот за ЈО и Законот за Советот на јавни обвинители, недвосмислено, цела пратеничка група, почнувајќи од Али Ахмети“, изјави Груби додавајќи дека не го условуваат со ништо Законот за Јавно обвинителство.

Што се однесува до измените во Изборниот законик, тој кажа дека се предвидува Маврово, Ростуше и Дебар, од Шестата изборна единица да се префрлат кон Петтата.

Според Груби, со тоа би се постигнало нивелирање меѓу Изборните единици.

 

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе