Дали бил присилен да одаде почит на загинатите полицајци

Груби: Доброволно отидов на свеченоста за „Тигрите“

Никој не ме фатил за рака за да отидам на одбележувањето на 40 години од формирањето на „Тигрите“ и да одадам почит на загинатите, како што ни премиерот Заев не можам со сила да го однесам пред споменик на загинати борци на ОНА, но правиме чекори на натамошно помирување, изјави вицепремиерот Артан Груби.

На прашање на новинарот од ТВ 21 дали по сугестија на премиерот Заев учествувал на свеченоста по повод 40 години од формирањето на специјалната единица „Тигар“ и дали сега тој ќе го повика Заев да одаде почит на загинати борци од некогашната ОНА, вицепремиеро Артан Груби одговори дека по своја волја учествувал на церемонијата.

„Господинот Заев не ме фати за рака за да ме одведе таму, отидов самиот. Имав покана, се разбира, но можев и да не одам. Ние го направивме нашиот чекор, сега на нив останува да направат свој чекор. Се разбира, не можам да присилувам некого, да го земам Заев, како што велите. Важно е да се разбере дека водиме процес на помирување, да се најде храброст да простиме, а да не заборавиме", рече меѓу другото Груби.

Во емисијата тој информира дека премиерот му кажал дека во „Тигрите“ ќе бидат ангажирани и Албанци. 

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе