По денешното приведување на Јанева

Груби бара ветинг за сите судии, обвинители и политичари

Пратеникот и организациски секретар на Демократската унија за интеграција, Артан Груби, коментирајќи го случајот „Рекет“, истакна дека Ветингот е решение за критичната ситуација во судството, но исто така го поздрави фактот дека албанските опозициски партии ѝ се придружуваат на ДУИ прифаќајки ја нивната програмска определба за неселективна правда и ветинг.

„Ние гласно говоревме за селективната правда и го понудивме инструментот на ветинг за судии, обвинители и политичари, за да се бориме против таа политичко-коруптивна и тенденциозно нарачана селективност.

Граѓаните го прифатија и поздравија овој наш програмски столб со убеденост дека ќе успееме, додека деновиве и опозициските партии го прифаќаат и го ставаат во употреба нашиот наратив и политика”, истакна Груби на Фејсбук.

 

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе