Грковска за балансерот: Загрижена сум од потегот на министерот Алити и непочитувањето на експертите од статистика

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, во емисијата „360 степени“, рече дека не знае какви ќе бидат потезите на министерот за администрација Адмирим Алити, но дека очекува тој да ги почитува укажувањата од експертите и од Државниот завод за статистика, кои рекоа дека во балансерот треба да се внесат податоците за резидентното население.

Промените во т.н. балансер со вметнување на процентите од вкупно попишаното, а не од резидентното население според ланскиот попис, не се зановаат ниту на законската регулатива ниту на меѓународните стандарди, вели вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Грковска рече дека Владата сѐ уште не разговарала за промените и го сподели својот став дека е загрижена од потегот на министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.

„Очекувам да разговараме за тоа. Јас сум голем противник на тоа да бираме што ќе почитуваме. Ние немаме право, не само како граѓани, уште повеќе како политичари, да бираме што ќе почитуваме од законите и од Уставот, а што нема да почитуваме. Значи, ние не можеме да се водиме во нашите постапки како политичари од нашата партиска, политичка припадност, од некакви договори, а не од она што се вика законска норма која важи во државата“, рече Грковска.

Вицепремиерката не знае какви ќе бидат потезите на Алити, но очекува да ги почитува укажувањата од експертите и од Државниот завод за статистика, кои рекоа дека во балансерот треба да се внесат податоците за резиентното население.

Вицепремиерката откри дека до неа веќе пристигнуваат одредени информации и поднесоци за тоа како оваа постапка има влијание врз системот и врз општеството. Иако не сакаше да открие повеќе детали, рече дека реакциите имаат врска со тоа што примањата на градоначалниците и општинските советници зависат и од бројот на жители во одредена општина, па соодветно не е неважно кои податоци ќе се имаат предвид.

„Јас се согласувам дека во еден период, особено по Охридскиот рамковен договор, принципот на соодветна и правична застапеност одигра важна улога за да обезбеди можност на оние што во тој момент ја немале, од одредени причини, да ја добијат и да бидат вработени во јавната администрација. Меѓутоа, како поминува времето, како се зголемуваат злоупотребите на балансерот, очигледно е дека тој веќе ја има завршено својата улога. Ова го кажувам според мое мислење. И треба да се најде модус според сегашните околности“, вели вицепремиерката за политики за добро владеење, додавајќи дека овој модус треба да води повеќе сметка за квалитетот, наместо за етничката припадност.

Според Грковска, Македонија во моментот е во фаза во која е потребн многу поголем квалитет и професионализам кај јавната администрација.

„Го почнуваме процесот за преговори со Европската Унија, скринингот ќе ги покаже сите слабости и ние едноставно ќе мора да преземаме мерки што ќе бидат болни за општеството поради тоа што скринингот ќе биде брутално реален. Никој нас нема да не штеди во овој процес“, рече Грковска, додавајќи дека во сите години наназад државата не успеала да воведе систем за наградување на добрите работници во јавната администрација.

Токму тоа, според Грковска, е причината зошто професионалните работници ја напуштаат администрацијата, наспроти „оние што не се толку заинтересирани“.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе