Совет на Европа

ГРЕКО регистрира „скромен“ напредок во спречување на корупцијата во Македонија

Скромен напредок е забележан во спречувањето на корупцијата кај пратениците, судиите и обвинителите, оценува Групата на земји против корупција на Советот на Европа (ГРЕКО) во вториот извештај за усогласеноста објавен денеска во Стразбур во кој се оценуваат мерките преземени од македонските власти.

Во заклучоците на ГРЕКО се наведува дека на повеќето од препораките од Македонија добиле одговор дека се подготвува нова регулатива или дека новодонесената треба да се усогласи со некоја друга.

Во однос на работата на пратениците, оценката на ГРЕКО е дека во тек се многу „ветувачки“ иницијативи, вклучувајќи ја и изработката на новиот Кодекс за етичко однесување на пратениците и ново Упатство. Овој Кодекс ќе се однесува на однесување во јавноста, спречување корупција и конфликт на интереси, транспарентност и мерки за унапредување на соодветна употреба на јавни финансии и фондови.

„Генерално, тие претставуваат соодветна рамка за унапредување на интегритетот и водење на етичкото однесување на пратениците, на пример во однос на судири на интереси, односи со лобисти, подароци, итн. Сепак, обата документа треба дополнително да се усогласат и рационализираат , да се отстрани вишокот на содржина, да се обезбеди поголема јасност и кохерентност и појасно да се одделат важечките правила од објаснувањата и примерите. Покрај тоа, механизмите за усогласеност и советување допрва треба да се назначат. Што се однесува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието одговорна за спроведување на тековно важечкиот кодекс, се чини дека таа сè уште не извршила ниту една од своите функции и во новата рамка што треба да се воспостави со новиот Кодекс и Упатството потребно е разјаснување “, забележува ГРЕКО.

Во однос на судството ГРЕКО го забележува проширувањето на опсегот на санкции што се применуваат на судиите според член 78 (2) од Законот за судови, но ги повторува стравувањата дека претходните намери на властите официјално да го сменат министерот за правда од составот на Судскиот совет сè уште не се остварени. Па така и со новиот Закон за Судскиот совет, членството на министерот за правда во Советот беше задржано, иако без право на глас и право на учество на седниците на Советот на коишто се разгледува утврдувањето одговорност, изборот и разрешувањето на судии.

„ Властите сега ги повторуваат истите информации дека  членовите на Судскиот совет по службена должност не добиваат никакви работни материјали за постапките на коишто не присуствуваат. Оттука, министерот за правда нема информации за случаи во коишто треба да се утврди одговорноста, изборот или разрешувањето на судија/претседател на суд и од таа причина  не е во позиција да врши какво било влијание врз таквите постапки. Ваквата состојба се очекува да трае сè додека не се усвои уставен амандман со којшто министерот за правда ќе биде отстранет од составот на Советот“, констатира ГРЕКО.

Во делот за обвинителите ГРЕКО го поздравува усвојувањето на новиот етички кодекс кој обезбедува сеопфатен сет на правила за интегритет. Во однос на  контролата  на анкетните листови се оценува дека презентираните статистички податоци покажуваат поефикасна имплементација на системот за известување за имотната состојба од страна на сите професионални групи, благодарејќи на ангажманот на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

„Бројот на административни проверки извршени од страна на ДКСК е зголемен и тие резултираа со идентификување на повреди врз процедурални основи, односно ненавремено доставување на анкетните листови за пријавување на имотната состојба. Сепак, не е обезбедена длабинска проверка на анкетните листови за пријавување на имотната состојба на сите пратеници, судии и обвинители, а информациите за имплементацијата на системот за пријавување интереси се доставени до ГРЕКО само во однос на некои пратеници“, се наведува во извештајот на ГРЕКО.

Новоименуваните „одговорни за интегритет" во рамките на обвинителството мора да даваат советодавни мислења за етичките дилеми кои не се опфатени со Кодексот и да водат регистри за подароци. Одлуките на Советот за етика – тело за следење предвидено со Кодексот – во врска со прекршување на етичките правила сега покренуваат „дисциплински" постапки против засегнатите обвинители. Иако ова е позитивен развој, гостопримството сè уште не е покриено и внатрешните правила за подароци треба да се ревидираат за да се обезбедат идентични прагови за протоколарни подароци.

На крајот, ГРЕКО ги повикува македонските власти да одобрат, што е можно поскоро, објавување на извештајот, да го преведат на националниот јазик и да го објават преводот.

 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе