„Република Северна Македонија мора да покаже апсолутно јасна и недвосмислена волја дека може да се усогласи со Договорот за пријателство и добрососедство, кој беше депониран во ОН и прифатен од нашите партнери во Европската Унија. Има таков народ нема да дозволи повлекување од коалицискиот договор во делот што се однесува на Македонија, бидејќи досега не видовме јасна и конзистентна линија од страна на Скопје за почитување на правата на Бугарите и нивната недискриминација“, изјави Грдев.
Во последниве недели во Бугарија активно се разговара за обврските на премиерот Кирил Петков за укинување на ветото за преговорите за членството на Македонија во ЕУ.






