Каде ќе летуваат

Грција, Турција, Албанија, Охрид, Скандинавија…дестинации за годишните одмори на Заев и министрите

Премиерот Зоран Заев дел од годишниот одмор ќе го искористи во деновите после празникот 2 Август, Илинден, а со семејството ќе оди во Охрид и во Грција, соопшти владината прес-служба.

Во соопштението до медиумите од Владата информираат кој од министрите каде ќе оди за годишен одмор, па така за вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска пишува дека од 25 јули до 5 август ќе биде на активен одмор во Скандинавија.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски не одлучил дали ќе оди и каде би одел, додека вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, само неколку дена од својот одмор ќе ги помине во Грција на почетокот на август.

 Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, планира на годишен одмор да оди од 2 до 10 август во Албанија, а вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураки сѐ уште не го кажал неговиот план.

 Министерот за надворешни работи Никола Димитров до сега не одлучил дали и каде ќе оди на годишен одмор, исто како и министерот за здравство Венко Филипче.

 Министерката Рената Дескоска одреден период од својот летен одмор ќе помине во Охрид, но сега за сега без определени датуми заради претстојните разговори за Законот за Јавно обвинителство.

 Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески планира да оди на одмор од 4  до 11 август, но засега не одлучил каде. Избор на дестинацијата нема направено ни министерот за економија Крешник Бектеши, ама планира со семејството дел од одморот да користи во првата половина од август, исто како министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на почеток на август ќе замине на одмор во Италија, а министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, со семејството ќе летува во истиот период со семејството во Турција.

Надвор од земјата, дел од својот годишен одмор, ќе искористи министерот за образование и наука Арбeр Адеми, како и министерот за култура Хусни Исмаили кој ќе помине неколку дена во Албанија и неколку дена во Охрид.

Министер за локална самоуправа Горан Милевски нема да оди на годишен одмор, а министерот за животна средина и просторно планирање ќе замине во Грција во периодот од 9 до 18 август.

 Во првата половина на август на одмор ќе замине министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, како и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, кој оваа година ќе замине на 7 дена во Грција.

Министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите Музафер Бајрам, дел од годишниот одмор на почетокот на август ќе го помине во некоја од земјите од регионот.

Министерката без ресор задолжени за странски инвестиции Зорица Апостолска заминува исто така на кус одмор на почетокот на август, сега за сега без одлука каде, додека министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан за свој летен годишноодморски избор ја избра Турција каде што ќе замине на 31 јули.

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Бардул Даути ќе замине на годишен одмор во Албанија на 1 септември.

 

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе