БЕГАЛСКА КРИЗА

Грција почна да гради кампови покрај границата со Македонија, сите војски од соседството се распоредуваат на границите

Се заострува бегалската криза во регионот. Грчката армија почна со уредување на територијата за поставување на шатори на 5 локации во близина на границата со Македонија. Српската и бугарската армија се на готовс покрај нивните граници. Македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски ветува дека АРМ на границата може да прати и 1.000 војници.

Грција почнува да прави кампови за бегалци покрај Сехово (Идомени) и Поликастро со капацитет од по 3.500 лица. Веќе се одредени уште 4 локации во кукушката околија на самата гранична линија близу Дојранското Езеро во селата Дојрани и Неа Кавала и кај железничката пруга. Една локација е во близина на Воден. Во околината на Солун е поставен кампот во Диамата, а во Кожани, Гревена и Кавала се користат затворените спортски објекти и сали.

Намерата на грчката армија е до 7 март, до одржувањето на новиот на мини самитот на ЕУ со Турција, да декларира капацитети за прифаќање на 50.000 бегалци.

Сите овие кампови од отворен тип се на еден до три часа временска разлика од Македонија. Сите тие 50.000 лица нема да сакаат да останат во Грција. Нивната цел и натаму ќе биде Европа, односно поминување на котата 59 на македонската граница. Кота 59 е целта за оние кои ги исполнуваат најновите критериуми за легално движење по балканскиот коридор. За другите, за оние кои не ги исполнуваат овие критериуми, најчесто економските мигранти, најатрактивно ќе биде илегалното поминување на македонската граница во близина на преминот кај Дојран и во околината на премините Богородица и Меџитлија.

Ова претставува сериозен безбедносен ризик за секоја држава.

Денеска Зоран Јолевски, министерот за одбрана на Македонија, изјави дека бројот на македонски војници на јужната граница од 200 ќе се зголеми на 1.000, ако има потреба за тоа.

Армиите од регионот веќе се мобилизирани по најавите за нов бран бегалци од Блискиот исток. Словенија постави своја војска на границата со Хрватска, Бугарија одобри учество на воените сили во обезбедување на државната граница и Србија ја стави војската во готовност.

Засеганатите земји, кои се дел од Балканската рута, се во постојан контакт и споделуваат информации за бројот на мигранти кои се движат кон полуостровот. Опасноста за присуство на терористи меѓу бегалците е секогаш голема.

Од Грција доаѓа и информацијата дека околу илјада бегалци избегале од кампот во Солун и се движат кон границата со Македонија. Грчката полиција и војска се плашат од инциденти и не реагираат. „Мигрантите имаат ранци со себе. Се работи главно за млади луѓе кои се тргнати кон северот на земјата. Ни војската, ниту пак полицијата можат да ги запрат затоа што се плашат од инциденти“, изјавил за локалното радио солунскиот градоначалник Јанис Бутарис.

А.Д.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе