Грција ја испрати Вербалната нота до Скопје

Атина ја испрати Вербалната нота до Скопје, потврдуваат грчки дипломатски извори.

Според информациите на МИА од Атина, утре, пак, во Брисел, на маргините на Самитот на министрите за одбрана на НАТО, средба ќе одржат Радмила Шекеринска и Евангелос Апостолакис, министрите за одбрана на Македонија и на Грција.
 
Не е исклучена можноста, освен што ќе биде средба за запознавање, Апостолакис да ѝ предложи на Шекеринска, токму Грција да ја обучува македонската војска.
 
Во претседателската палата во Атина денеска се одржа прием во чест на дипломатскиот кор.
 
Вкупно 90 амбасадори и дипломати, меѓу кои и вршителката на должност во канцеларијата за врски на Р Македонија во Грција, Лидија Бошковска, беа пречекани и поздравени од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и грчкиот премиер Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.
 
На приемот, освен дипломатскиот кор и Павлопулос и Ципрас, беа присутни голем број министри од грчката Влада, меѓу кои и алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, министерот за одбрана Евангелос Апостолакис и неговиот заменик Панајотис Ригас, заменик-шефовите на грчката дипломатија Маркос Боларис и Теренс Куик, министерката за цивилна заштита Олга Геровасили, министерот за поморство Фотис Кувелис, но и поранешни шефови на дипломатијата и поранешни претседатели на грчкиот Парламент. 

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе

Останува да видиме дали овој состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичност.

повеќе