Прва од членките

Грција го ратификува Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО

Во грчкиот парламент пред малку заврши гласањето за ратификација на Протоколот за членство во НАТО на Република Северна Македонија.

За законот на Министерството за надворешни работи на Грција „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“ гласаа 153 пратеници од владината коалиција, 140 беа против и еден беше воздржан.

Членките на НАТО го потпишаа договорот со Македонија неделава, неколку дена откако грчкиот парламент го одобри договорот меѓу Атина и Скопје, со кој земјава го менува името во Северна Македонија.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе