Атина

Грција експлодира по написот на Би-би-си за угнетеното македонско малцинство

Високи дипломатски извори изјавија за Атинската новинска агенција (АМНА) дека грчката влада планира да испрати писмо до Би-би-си во кое ќе ги побие наводите за тврдењето дека „во земјата постои македонско малцинство што со децении е угнетувано". Ова е неточен и искривен поглед, наведуваат дипломатските извори.

И најголемата опозициска партија Неа демократиа (НД) ја повика владата „да ги разјасни овие работи и категорично да каже дека во Грција не постои прашање за македонско етничко малцинство“. НД ја обвини владата дека со Преспанскиот договор се отвори Пандорината кутија за неисториските барања и тврдења во однос на Грција.

Во репортажата на Би-би-си се вели дека со ратификуваниот договор со новоименуваната Република Северна Македонија, Грција имплицитно го признала постоењето на македонскиот јазик и етничката припадност и дека со децении го негираше постоењето на своето македонско малцинство.

Употребата на името „Македонија“ од страна на соседната национална држава директно и јасно признава дека Македонците се самостоен народ и ја отвора вратата за тешки прашања во врска со историјата на грчкото македонско малцинство, пишува Би-би-си.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе