Грција бара промени во учебниците по историја на Македонија

Грција од Македонија побара да ги исчисти учебниците по историја од ревизионистички и иредентистички елементи, како и погрешни мапи и референци за античката грчка цивилизација, објави Екатимерини.

Барањето, наводно, е дадено за време на неодамнешниот состанок во Солун, на заедничкиот комитет на експерти задолжени за дискусија на археолошки, историски и едукативни прашања.

Комитетот е формиран по постигнувањето на Преспанскиот договор за спорот за името меѓу Атина и Скопје потпишан во јуни минатата година. Договорот сѐ уште треба да биде ратификуван од страна на двата парламента.

Се очекува експертите повторно да се состанат кон крајот на овој месец.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе