Грчките производи во Македонија се увезуваат со декларација на ( ) јазик

На декларациите залепени на повеќе производи од Грција, на кои го пишува составот на производот, земјата на потекло и увозникот, треба да стои и ознака на земјата каде што ќе се употребува тој производ и на јазикот на кој е напишана декларацијата. Тој дел од декларацијата, во случајот со увозникот Македонија од страна на извозникот Грција, е означен со празно место - ( ). Инспекторите молчат.

Во декларациите на производите од Грција ги има ознаките за јазиците на земјите каде што се извезуваат, кратенката на земјата каде што тие производи се продаваат. Но не и во случајот со Македонија.

Такви се декларациите на пример на сладоледите кри-кри, кроасаните 7 дејс, бејк ролс, некои јогуртчиња...

Што сѐ треба да содржи декларацијата на прехранбените производи пишува во Законот за безбедност на храната, Правилникот за начинот на означување на храната и Законот за заштита на потрошувачите. Во овие закони и правилници пишува дека во Македонија задолжително е секој производ да има декларација на која на македонски јазик треба да го пишува името на храната, списокот на состојки, количеството на одредени состојки или категории на состојки, нето-количество на храната, рок на трајност, или датумот за „употребливо до“...

Во член 23 од Законот за заштита на потрошувачите пишува дека податоците од декларацијата мора да бидат вистинити, јасно видливи и читливи, напишани на македонски јазик и кирилско писмо... Во случајот со грчките производи на македонскиот пазар, декларациите се преведени на македонски јазик, ама ја нема ознаката (МК) за јазикот, како што тоа го има за другите јазици - GB, FR, AL, BG, SRB…

За ова е надлежен Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Веќе 5 дена чекаме одговор на нашите прашања за тоа што ќе преземат нивните инспектори. Засега, очигледно ништо.

А.Д. 

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе