Одгласи кај јужниот сосед

Грчките медиуми: Трилер седница - Заев се спаси во последната минута

Трилер седница, Заев преживеа, се спаси во последната минута, но не може да биде среќен зашто нема мнозинство во парламентот, оценуваат грчките електронски медиуми кои известуваа за вчерашната седница на Собранието на Македонија. Грчката влада засега без официјален став, но деновиве повторуваше дека е битно да се спроведува Преспанскиот договор.

„Владата на Заев ја преживеа иницијативата за недоверба поради немање кворум во Собранието", „Пораз за опозицијата во Северна Македонија, која не обезбеди 61 пратеник за да го турне Заев", „Како Заев го надмина предлогот за недоверба", „Трилер седница за гласањето недоверба на Заев, „Заев се спаси во последната минута", „Заев го доби облогот"... тоа се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за вчерашната седница на Собранието.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, во текстот што го пренесуваат електронските изданија на медиумите, детално пишува за вчерашните случувања, коментирајќи дека поради немање кворум пропадна иницијативата за гласање недоверба на Владата на Зоран Заев, но и дека настана „драма со албански пратеник".

Агенцијата објаснува дека пратеникот Кастриот Реџепи од редовите на Беса преку социјалните мрежи соопшти дека нема да присуствува на седницата, а „опозициските партии, вклучувајќи ја и Беса покренаа сомнежи дури и за киднапирање на Кастриот Реџепи, прашувајќи се дали неговиот живот е во опасност.

АНА-МПА ги пренесува и ставовите од ВМРО-ДПМНЕ, но и пишува дека нов предлог за гласање недоверба на Владата може да биде поднесен по три месеци, „освен ако нема поддршка од мнозинството пратеници и во тој случај, предлогот може да се поднесе во секое време".

„Зоран Заев, сепак, веројатно не се чувствува особено среќен, со оглед на тоа дека во моментов води малцинска влада. Коалицијата на Социјалдемократската партија (СДСМ) има 43 пратеници, 15 пратеници има албанската партија ДУИ на Али Ахмети и еден Демократска партија на Албанците. Вкупно, партиите од владејачката коалиција имаат само 59 места во парламентот. Опозицијата има 60 пратеници: коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, коалицијата на албанските партии Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Беса два (тројца со Кастриот Реџепи, но не е јасно кој ќе го биде неговиот став понатаму) и партија Левица два пратеници“, пишува грчката новинска агенција.

Онлајн изданието на весникот „Прото тема" коментира дека опозицијата не успеа да обезбеди 61 пратеник, а „одлуката на пратеникот на малата албанска партија Беса Кастриот Реџепи да не ја следи партиската линија за пад на Владата на Заев создаде тензична атмосфера".

Онлајн изданието на весникот „То вима" пишува дека „продолжува политичкиот трилер во Северна Македонија, а Заев успеа „да остане жив", бидејќи предлогот на опозицијата за гласање недоверба падна во вода по немањето кворум".

Медиумите кај јужниот сосед со зголемен интерес во изминатиот период ги следеа случувањата во земјава, но и ги поврзуваа со односите со Грција и евентуалните последици за Договорот од Преспа.

Официјална Атина, како преку владиниот портпарол, така и преку портпаролот на грчкото МНР го повторуваше цврстиот став дека не ги коментира внатрешните случувања на други земји, но и ставот дека Договорот од Преспа мора да се почитува и да се спроведува.

МИА

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе