Пред утрешната средба во Сунио

Грчките медиуми го подготвуваат Димитров за жртва за евентуалниот неуспех на преговорите за името

Пред утрешната нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција со медијаторот на ОН Метју Нимиц, Михали Игнатиу, еден од најугледните грчки новинари објави анализа во која вели дека Димитров може да биде главниот виновник за неуспехот на преговорите за проблемот што Грција го има со името Македонија. Игнатиу не случајно во оваа своја анализа потсетува и на потеклото на Димитров дека е од Егејска Македонија.

Во текстот објавен на Хеласжурнал, авторот вели дека за разлика од Димитров, премиерот Зоран Заев е многу покооперативен. „Тврдокорниот националист Никола Димитров предизвика сериозни проблеми за време на разговорите во Виена, брифираат анонимни извори за нашата интернет страница. Димитров го предизвикал гневот на преговарачот Метју Нимиц, кој наводно го предупредил министерот на Скопје дека тој создава повеќе проблеми за својата земја отколку за Грција.

Според нашите извори, однесувањето на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас било за пример и дека тој го спасил потонатиот брод на преговорите, кои сега се карактеризираат со интензивни несогласувања.

Важно да се напомене дека предлозите на г-дин Димитров често биле во спротивност со оние на премиерот на Скопје, Зоран Заев во разговорите со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас и со Коѕијас.

Заев покажувал подготвеност за компромис, спротивно на она што го изјавувал Димитров, ставови полни со национализам и бескомпромисност. Нашите извори велат дека преговорите дошле во ќорсокак, но грчките напори за решавање на проблемот со понудата за промена на името која вклучува промена и на Уставот, засега ги откочила преговорите. Бевме информирани дека Заев е бил под притисок и од неговите заменици и вицепремиери, кои вообичаено го поддржуваат и за други прашања, но дека сега биле подготвени да му откажат послушност на прашањето за името“.

Во написот пишува дека дипломатите во Скопје биле изненадени од тоа што премиерот сѐ уште не го сменил Димитров, главниот човек кој ги отфрла сите пакети за компромис од страна на Нимиц. Посредникот на ОН смета дека „толку сме блиску, а толку далеку од решението“, а одговорноста за тоа е во Скопје, пишува Михали Игнатиу.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе