Грчките царински служби добија упатство за работа по стапувањето на сила на Договорот од Преспа

Независната служба за јавни приходи на Грција, преку циркуларно писмо ги известува царинските служби за процедурите за размена, промените и праксите со Северна Македонија, по стапувањето на сила на Договорот од Преспа.

Документот е со датум 13 март, содржи општ дел и дел со специјални упатстава за транзит, увоз, извоз, патници и превозни средства во кои детално се објаснети упатствата и насоките до царинските служби, а е сличен со писмото од грчкото МНР со упатства до јавните служби, испратено минатиот месец, јавува МИА од Атина.

На почетокот од писмото се објаснува дека од 12 февруари уставното име на земјата е „Република Северна Македонија“, а краткото име „Северна Македонија“ и важи за сите употреби.

„Сите документи што ќе ги издава соседната земја (патни документи, лични карти, возачки дозволи, потврди итн), секаков вид на службена пошта и пропратен материјал што доаѓаат од властите на соседната земја што се со датум на издавање по стапувањето на сила на договорот, ќе треба да бидат со новото име и термините што се однесуваат на земјата“, пишува во писмото во кое се објаснува дека за постојните документи предвиден е „технички” и „политички” преоден период, согласно членот 1 (3) од Договорот од Преспа.

„Техничкиот” преоден период се однесува на документите за меѓународна употреба, за кои е предвиден рок од најмногу пет години, а „политичкиот” за документите за внатрешна употреба чија промена е поврзана со отворањето поглавја во процесот на преговори со ЕУ.

Во писмото исто така се објаснува дека повеќе не важат имињата „Република Македонија” и „поранешна југословенска Република Македонија”, а во случај во официјалната службена пошта на властите од двете земји ако нема придржување до правилната употреба на името и термините, службената пошта, нема да биде примена и ќе се враќа назад до испраќачот.

При увозот, според циркуларот, треба да стои кодот “МК: Северна Македонија” во делот што се однесува на земја испраќач или земја на потекло, додека пак во однос на трговските имиња и трговските ознаки објаснето е дека царинските служби не се обврзани да контролират, бидејќи врз основа на Договорот од Преспа, предвидено е формирање Меѓународна група.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе