Грчкиот професор Сфетас: Договорено е дека Словените немаат никаква врска со античките Македонци

Постигнат е договор за неколку важни историски прашања меѓу Скопје и Атина, изјави за грчки „Етнос" Спиридон Сфетас, член на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања.

Спиридон Сфетас

Тој вели дека по средбите во Скопје договорено било дека Македонците како Словени немаат никаква врска со античките Македонци, дека античката македонска историја и култура се дел од античката грчка култура што имала влијание врз светската култура. Тој додава дека не гледа негативно на предлогот на македонската страна да се земе предвид дека дел од денешна Северна Македонија припаѓа на историска Македонија од антиката.

Сфетас додава: „За византискиот период прифатија дека Словените не го земале името Македонци од античките Македонци, и дека термините Македонци и Словени не биле идентични во средниот век“. За грчката страна не е спорно во нивните учебници повеќе да се изучува за балканските народи што било барање на македонската страна, изјави Сфетас.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе