По постигнатата согласност меѓу Заев и Ципрас

Грчкиот нон-пејпер објаснува дека нема да има ни македонска академија, телевизија, театар...

Во член 15 од нон-пејперот за кој вечерва грчки медиуми објавија дека владини претставници го дистрибуираат по дипломатите во Атина се толкува дека со договорот меѓу Ципрас и Заев за името, во Македонија наскоро ќе треба да се сменат и имињата на МАНУ, МРТ, МНТ...

„Сите агресивни определби на владини и други јавни институции, државни, културни организации финансирани од државата ќе бидат дефинирани со терминот „Северна Македонија", а дефиницијата за „Македонија" се укинува“, пишува во член 15 одо овој нон-пејпер.

Во ова неофицијално толкување на договорот на грчката влада пишува дека „втората страна“ (Македонија) се согласила да ја менува и преамбулата на Уставот, а на спомениците на скопскиот плоштад да стави натпис со објаснување дека се работи за споменици и статуи од грчката култура. 

Храбрите лидери можат да успеат со порака за надеж, отвореност и инклузивност и со промовирање на визија за напредок заснована на веродостојни реформи.

повеќе

Кога панаѓурот ќе помине, и кога наредното утро ќе се погледнете во огледало – сите работи што ве прават незадоволни од самите себеси и понатаму ќе бидат видливи: и изгледот, и навиките, и карактерот... Само идентитетот ќе ви го нема.

повеќе

Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, доколку биде ратификуван, ќе влезе во аналите на историјата на дипломатијата.

повеќе