нервоза во грција со бегалската криза

На ТВ Скај Македонците наречени Бугари и нацисти

Пред два дена на дебатна емисија за бегалците на грчката телевизија Скај „скопјаните“ беа наречени нацисти, а од таа квалификација не беа исклучени и Хрватите и Унгарците. 

По воведувањето построга контрола за бегалците на македонската граница во Гевгелија и зголемувањето на бројот на бегалците и мигрантите во пограничниот регион, во Грција уште повеќе порасна негативниот набој во јавноста против Македонија. За јавното мислење во Грција Македонија е виновна за зголемувањето на бројот на бегалците по нивните кампови, затоа што македонската полиција не ги пушта мигрантите и бегалците да си го продолжат патот кон Европа.

Во дебатна емисија на ТВ Скај од Атина, пред два дена уредникот на вестите Константин Богданос, без никаква ограда „скопјаните“ ги нарече Бугари, а тоа значи дека се нацисти затоа што и Бугарите во Втората светска војна биле сојузници со нацистите, заклучи Богданос. За него и Хрватите и Унгарците исто така се нацисти.

Овие заклучоци на уредник на еден влијателен грчки медиум останаа без никаква реакција во грчката јавност.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе