Лондон

Грчкиот амбасадор го побива тврдењето на Би-би-си за македонското малцинство

Грчкиот амбасадор во Обединетото Кралство, Димитрис Карамицос-Цирас, вчера испратил писмо до Би-би-си во врска со нивната репортажа за постоењето на македонско малцинство во Грција, пренесуваат грчките медиуми.

Карамицос-Цирас во писмото вели дека во текстот на Би-би-си има „сериозни историски неточности и искривувања против Грција“, дека тој не е во склад со Преспанскиот договор и се обидува да отвори „непостоечко прашање“.

Во текстот објавен на Би-би-си со наслов „Невидливото малцинство во Грција - словенските Македонци“ се вели дека со ратификувањето на Преспанскиот договор, со преименувањето на државата во Северна Македонија „Грција имплицитно го признава постоењето на македонскиот јазик и етничката припадност“.

Договорот, потпишан помеѓу Атина и Скопје за решавање на 27-годишниот спор за името, не признава етничка припадност, туку националност, пишува амбасадорот, додавајќи дека иако Грција ја признава еднаквоста пред законот, земјата препознава само едно малцинство - муслиманското.

„Грција го задржува правото да им се обраќа на луѓето што ѝ припаѓаат на мнозинската етничка група што живеат во соседната земја, на начин како што тоа го правеле и досега, а граѓаните на таа етничка група го задржуваат правото на самоопределување", вели грчкиот амбасадор во писмото до Би-би-си.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе