Атина

Грчки владини извори ги истакнуваат заклучоците на министрите за надворешни работи на ЕУ за Македонија, Турција и Албанија

Советот не само што го поздравува Договорот од Преспа, туку ја истакнува и важноста на неговото спроведување, а со тоа ЕУ добива улога во следењето на верната имплементација, коментираат грчки владини извори за вчерашните заклучоци на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија во однос на Македонија.

„Советот за прв пат, не само што го поздравува како историски Договорот од Преспа, потенцирајќи ја неговата важност за интегративниот процес на Македонија, туку ја истакнува и важноста на неговото спроведување. На овој начин ЕУ добива улога во следењето на верната имплементација на Договорот од Преспа“, коментираат грчките владини извори.

Во однос на Турција, истите извори велат дека ЕУ за прв пат одлучува за мерки за Анкара „за прекршување на меѓународното право и конкретно за активностите во кипарската ексклузивна економска зона“.

За Албанија, грчките владини извори коментираат дека „за прв пат Советот официјално го поставува заштитата на правата на сопственост и правото на самоопределување, како критериуми за пристапниот процес“.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе