Атина

Грчки дипломат тврди: Покана за НАТО ќе добиете, ЕУ сѐ уште е проблем

Македонија ќе добие покана за челнство НАТО на самитот во јули, а малку потешко ќе одат работи во Европската Унија, тврдат грчки дипломатски извори. 

„Вашата земја ќе ја добие поканата за членство во НАТО. Таму ќе биде полесно. Генералниот секретар на Алијансата веќе е информиран од грчка страна дека нема проблем откако е постигнат Договорот за името, а денеска министерот Никос Коѕијас и официјално ќе го испрати писмото. Според тоа нема да има никаков проблем кога Договорот ќе стапи на сила”, вели истиот извор за МКД.мк. 

Проблем не очекува ни во Грција, бидејќи сосема е извесно дека премиерот Ципрас ќе обезбеди 151 пратеник за ратификација на Договорот во Парламентот. 

Проблемот со почетокот на преговори за членство во ЕУ, според него, е во неподготвеноста на самата Унија, поточно на сите нејзини членки во моментов да ја отворат вратата. Но, според неговото објаснување, таа неподготвеност на Унијата, како што вели, односно на земји членки повеќе се однесува на Албанија отколку на Македонија. 

„Важно е двете земји земји да бидат одвоени и да се носи одлука според заслугите и она што е направено во секоја од нив, според индивидуалните исполнувања на условите, а не во пакет”, додава нашиот соговорник.

Она што е важно, како што оценува, е да се искористи силната меѓународна поддршка што ја има владата на Зоран Заев во моментов. 

Франција се чини дека е најголемата пречка во ЕУ во моментов и нејзиниот став се уште се гради. Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во куса изјава за МКД.мк рече дека во Париз се уште се водат разговори и дека конечниот став ќе го каже претседателот Емануел Макрон на Советот на ЕУ. 

Грчкиот министер Никос Коѕијас самиот најави дека денес ќе ги испрати писмата до НАТО и ЕУ со кои ќе потврди дека Атина не е против напредокот на Македонија во евроатлантските структури.

Поддршка за членство во НАТО побара и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, која вчера испрати писмо до нејзините колеги од земјите-членки. Шеќеринска вели дека со прием на Македонија во НАТО, ќе се консолидира демократијата и ќе се зајакне стабилноста и безбедноста на целиот регион.

„Ви пишувам за постигнувањето на историскиот договор за името со Грција. Оваа пречка за нашата евроатлантска интеграција е отстранета. Барам ваша поддршка Македонија да добие покана за полноправно членство во НАТО на следниот Самит“, пишува во писмото од Шекеринска.

Ж.П.Б 

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе