Грчката влада и опозиција се препукуваат по објавените стенограми од лидерските средби за името во Македонија

Ставовите на грчката Влада во преговорите за името, но и размислувањата за опозициската Неа демократиа, онака како што се пренесени во стенограмите  објавени од „Катимерини“ и германски ФАЗ, од двете лидерски средби во Македонија, предизвикаа реакции во Грција и препукувања меѓу Владата и опозицијата.

Особени реакции, како што пренесува МИА од Атина, предизвикал делот во кој македонскиот премиер споменува дека се сретнал со европратеничката и портпаролка на Неа демократиа, Мариа Спираки.

Од грчката Влада велат дека „тајните средби на специјалната претставничка на Мицотакис, ја покажуваат хипокризијата и националната неодговорност на лидерот на опозицијата“ и бараат објаснувања од Неа демократиа.

„Треба да одговорат зошто ја држеа средбата во тајност? Која е целта на состанокот пред да почне официјалниот циклус контакти на грчката влада со владата на ПЈРМ? Какви доверливи пораки му пренесе на господинот Заев од името на господинот Мицотакис? Имаше ли и други такви случајни средби во кафулиња со политичката власт на соседот, што реши да ги држи во тајност?“, прашуваат од грчката влада.

Спираки, пак, говорејќи за грчките медиуми, рече дека со Заев се сретнала случајно кога одела на кафе.

Со соопштение за стенограмите излезе и Неа демократиа и ги обвини Ципрас и Коѕијас дека конкретното национално прашање уште од првиот момент го менаџирале на аматерски начин.

Од грчката опозициска партија велат дека од стенограмите се потврдува дека „владата во првата фаза од тајните преговори се согласила со неприфатливото име Илинденска Македонија“, се потврдува дека „опозицијата нема да се согласи за договор како оној од Преспа, ниту сега, ниту како следна влада“.

„Но најважното од сето она што го открива ‘Катимерини‘ е дека целото раководство на Скопје констатира дека нивната земја нема да најде попогодна грчка влада од онаа на Ципрас. Навистина е неверојатно дека владата на Ципрас и Каменос е подготвена да склучи набрзина договор, отстапувајќи им ‘македонска‘ националност и јазик на Скопјаните“, коментираат од Неа демократиа.

Од грчката влада со ново соопштение уште еднаш ги поставија истите прашања околу средбата Заев - Спираки и рекоа дека чекаат одговори од Неа демократиа.

А одговори за средбата бараат и од партијата Движење на промена.

Стенограмите од двете лидерски средби во Македонија ги објавија германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ (ФАЗ) и грчкиот весник „Катимерини“.

МИА

Фото: Катимерини 

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе