Прва употреба на терминот

Грчката разузнавачка служба отвори оглас за 56 вработени со познавање на „македонски (јужнословенски)“ јазик

Грчката влада објави конкурс за кандидати во Националната разузнавачка агенција, а еден од критериумите е познавањето на „македонски (јужнословенски)“ јазик.

Во Службен весник на 14 февруари 2019 година Министерството за заштита на граѓаните објави оглас за пополнување на 302 работни места во Националната агенција за разузнавање на Грција, а во одделот за преведување, толкување и сослушување, вработува 56 лица со познавање на: англиски, француски, германски, шпански, италијански, арапски, бугарски, еврејски, руски, турски и, како што пишува во огласот, „македонски (јужнословенски) јазик“.

Ова е првпат по ратификацијата на Преспанскиот договор да се споменува „македонски (јужнословенски)“ јазик, вели Катимерини.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе