Атина

Грчката министерка ја истакна изјавата на Димитров дека македонскиот јазик нема никаква врска со грчките Македонци

По посетата на Македонија и потпишаниот договор за отворање на нов граничен премин Маркова Нога алтернативната министерка за надворешни работи на Република Грција Атанасиа Анагностопулу изјави дека пред сѐ сака да ја истакне изјавата на Никола Димитров дека македонскиот јазик што го зборуваат граѓаните на Северна Македонија нема никаква врска со јазикот на кој зборуваат грчките Македонци.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерката Анагностопулу сметаат дека отворањето на граничниот премин во Преспа е првиот важен чекор од спроведувањето на историскиот Преспански договор. Овој договор гради мир и доверба меѓу двете земји и решава голем број проблеми што ги создадоа инерцијата и национализмот на двете страни, изјави грчката министерка.

„Затоа ја поздравуваме изјавата на Димитров, бидејќи става крај на какво било заплашување за непостоечки проблеми што наводно би создал јазикот што го признавме уште од 1977 година“, рече Анагностопулу.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе