Атина

Грчката црква го повика Вартоломеј да го отфрли барањето на Виножито за употреба на македонскиот јазик во некои грчки цркви

Загрижени сме од барањето на оние кои се нарекуваат Македонци, жители од Северна Грција за служење литургии на т.н. македонски јазик, се вели во писмото на Светиот синод на Грчката православна црква до цариградскиот патријарх по барањето на Виножито, партијата на Македонците во Грција, за употреба на македонскиот јазик во дел од грчките православни цркви.

Во писмото до цариградскиот патријарх Вартоломеј, Грчката православна црква вели дека се работи за барање на самонаречено македонско малцинство на политички агент кој пишува во име на т.н. македонско малцинство во Грција за одржување на литургии на таканаречен македонски јазик во сензитивниот регион на Северна Грција.

Како православни христијани, етнички Македонци во Грција, бараме во нашите цркви да може да се применува и нашиот мајчин современ македонски јазик, кој припаѓа на поширокото семејство на јужнословенските јазици чија азбука е измислена во 9 век во Солун, од светите Кирил и Методиј, пишува во писмото кое Виножито, партијата на Македонците во Грција го испрати до цариградскиот патријарх Вартоломеј.

Претходно и ректорот на универзитетот „Македонија“ во Солун индиректно го одби барањето на Виножито за изучување на македонскиот јазик. Грчки професори предупредуваат дека признавањето на македнскиот јазик во Договорот од Преспа е опасна грешка, затоа што тоа „може да значи и признавање на македонскиот јазик кој не постои“.

 

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе