Грчка ТВ Стар: Псевдо-Македонци пеат грчки песни со псевдо-иредентистичка содржина (ВИДЕО)

Собирот на Македонците од егејскиот дел на Македонија во Овчарани беше тема за новинарски прилог за грчката телевизија Стар. Тема - веќе позната. Новинарски приод - уште попознат. Промени - има. Нова обланда - Преспански договор. По потпишувањето на договорот од Преспа, оние најтврдите грчки новинари сега се повикуваат на тој потпис со кој двете страни се согласија дека во Грција нема македонско малцинство.

Е, во духот на тоа ново пријателство, ТВ Стар јавува за тоа како Договорот од Преспа го отвори апетитот на крајните Грци од Лерин кои се самонарекуваат Македонци и бараат да бидат признати, за тоа како обединувањето на Вардар, Пирин и Егеј не е заборавено, за псевдо-иредентистичка содржина поддржана од Виножито како организација на псевдо-Македонците, за грубото кршење на договорот, за самонаречените Македонци од филоскопската организација Виножито, за пропагандата од Скопје, за тоа дека тврдењата за постоење на македонско малцинство се опасни, неисториски и полни со омраза...

Овој приод и речник не е ништо ново. Оваа позиција на грчката држава и на нејзините послушници од медиуми не е променета со векови. Новото денес е само повикувањето во одбрана на Преспанскиот договор.

 

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе