Грчка Прототема: Северна Македонија ја поправи провокативната туристичка реклама

Северна Македонија ја коригира својата официјална туристичка кампања што го користеше мотото „Македонија вечна“, откако Прототема го сврте вниманието кон темата и укажа дека употребата на терминот Македонија во нејзината кампања без географска одредница го прекршува Преспанскиот договор, објави грчкиот медиум.

„Туристичките власти на балканската држава инвестираа во детална и скапа промотивна кампања во која се обидоа да ја претстават античката македонска историја како своја, пропуштајќи (?) да ја вклучат географската одредница во главниот слоган 'Македонија вечна'“.

„Речиси една година откако грчката влада го потпиша контроверзниот Преспански договор со владата на Северна Македонија, кој многумина го сметаат за решение за долготрајниот спор околу името, грчкиот сосед продолжува да ги крши условите од договорот“, напиша Прототема претходно неделава.

„Во последниот провокативен потег, Северна Македонија го користи терминот 'Македонија' без географската одредница во промотивна туристичка кампања“, напиша грчкиот медиум.

Инаку, кампањата „Македонија вечна“ се состои од серија спотови за туристичка промоција објавени во 2008 и 2009 година.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе