Протест пред Собранието

Граѓаните побараа итна владина седница за загадувањето и отчет за сработеното

Итна владина седница, искористување на сите расположливи средства за справување со загадувањето, но и отчет од надлежните дали си ја заработиле платата кога во прашање е горливиот проблем со воздухот се дел од барањата на иницијативата „Канцерогено општество“, која денес повторно одржа протест пред Собранието на Република Македонија.

„Министерот и заменикот-министер за екологија секојдневно да даваат отчет што сработиле додека нашите деца се трујат по болници. Ќе продолжиме, се надеваме дека ќе имаме уште повеќе луѓе на наредниот протест, дека ќе се организираме уште подобро, дека нема да остане само на протести пред Собрание. Ќе видиме колку сериозно ќе ја сфатат работата“, рече Кристијан Узунов од „Канцерогено оптштество“.

Драги Змијанац од „Меѓаши“, пак, кажа дека забележуваат во континуитет како оние шро ги носат одлуките, пратениците, владата, претпријатијата и сите со политичка моќ, не се заинтересирани да го решат проблемот со аерозагадувањето и последиците кон децата.

„Болниците се полни со деца, секое второ дете страда од респираторни проблеми. Едноставно, живееме во општество кое е екоцидно, ги гуши граѓаните и децата, едноставно е бесперспективно. Ако вака продолжи, нема да има деца и луѓе да протестираат“, изјави Змијанац, охрабрувајќи ги луѓето да излезат.

На денешниот протест немаше рута до Владата, туку се одржаа говори пред Собранието.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе