Промовиран порталот за е-услуги

Граѓаните имаат пристап до 127 електронски услуги на едно место

Премиерот Зоран Заев и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска на прес-конференција го промовираа Националниот портал за е-услуги.

Во моментот на порталот за е-услуги се достапни 127 електронски услуги. 57 услуги за прв пат се нудат електронски, додека 70 се веќе постоечки. Овој број секојдневно ќе се зголемува.

Информациите за голем број на услуги од институциите и на централната, и на локалната самоуправа сега можат да се најдат на едно место. Едноставно достапни, 24 часа секој ден, без лутање низ мноштво на веб страни и портали.

 Како што истакна Заев, на овој начин се исполнува уште едно ветување од Програмата за работа на Владата.

„Запишавме дека во третата година од нашиот мандат ќе биде воведен единствен електронски систем на кој ќе бидат поврзани сите државни институции. Целта на овој систем е да ги поврзе системите на институциите за давање јавни услуги и истите да ги обезбеди за граѓаните, преку едно централно место. Ова е уште еден чекор кон остварување на една од најважните реформски зафати, а тоа е реформата во јавната администрација, за создавање стручна и ефикасна, отчетна и транспарентна администрација, која ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните и бизнис-секторот и ќе ги заштити нивните права. Граѓаните и бизнис заедницата во центар, а административните службеници и институциите како нивен сервис“, рече Заев.

Порталот за електронски услуги што денеска го имаме пред нас е резултат на процес на мапирање на сите услуги предвидени во сите закони во државата. Сите услуги од сите закони, едноставно напишани и достапни на граѓаните да се информираат кои се нивните права, какви документи можат да достават, кои се роковите, колкава е цената, и каде можат да се жалат.

„Наша основна цел е порталот да биде единствената врска на граѓаните со институциите. Затоа направивме да биде пристапен преку било кој мобилен или десктоп уред приклучен на интернет. Порталот е достапен и на албански и на англиски јазик, а објавените услуги се однесуваат покрај на македонските, исто така и на странските државјани.“- информираше Манчевски.

Тиој ги претстави и начините за регистрација на порталот, според кој за се пристапи до сите можности што ги нуди, претходно е потребно граѓаните да креираат eID профил, а сите оние кои имаат активна корисничка сметка во УЈП, веќе имаат активен eID профил, односно можат да се најават на профилот, користејќи ги корисничкото име и лозинката од УЈП. За нив услугите од порталот се веќе достапни.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе