„За неколку дена се очекува драстично покачување на цената на електричната енергија, токму заради криминалната власт на СДСМ и ДУИ. Наместо за тендери за фамилијата Заеви изминативе години во РЕК Битола, државата требаше да врши ископ на јаглен и да произведува електрична енергија. Цената за ваквото неодговорно однесување денес ќе го плаќаат граѓаните со енормно високите сметки за струја. И покрај најавеното покачување на цената на струјата, и покрај двоцифрената инфлација во државата, криминалната власт на СДСМ и ДУИ не ги покачува платите во јавниот сектор. Владата на Ковачевски бега од своето ветување за линеарното зголемување на платите во јавниот сектор и за тоа се приморани вработените секојдневно да штрајкуваат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата препорачуваат да се откаже владата од непродуктивни трошоци и од луксузирање и парите нека ги пренасочат кон граѓаните.
„ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите и барањата на вработените во јавниот сектор за зголемување на нивните плати. Власта нека се охрабри и нека го предложат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во ребаланс на Буџетот кој е во Собрание и нека ги зголемат платите за 2.806 денари“, стои во партиското соопштение.