По протестните писма на мештаните

Градоначалникот на Маврово не постапува по барањето на Министерствотo за транспорт за парцелата за наводната џамија

Министерството за транспорт и врски уште во март годинава му наложило на Mедат Куртовски, градоначалникот на Општина Маврово Ростуше да го раскине договорот со купувачот на парцела во Маврово на која наводно требало да се гради џамија, но од општината уште не постапиле. Од Министертвото за МКД.мк велат дека чекаат општината да постапи по нивното барање, а градоначалникот засега не дава никаков одговoр на нашите прашања.

Се работи за парцела од 2.607 квадратни метри купенa од државата по цена од 251 денар за квадратен метар. Парцелата е под патот, пред влезот во Маврови Анови, а договорот меѓу Незир Сулејмани и Република Македонија, преку тогашниот градоначалник на Општина Маврово Ростуше Мукрем Мехмеди е потпишан на 10 јули 2012 година.   

Солемнизацијатана овој договор е извршена на 25 септември 2012 година во канцеларијата на нотарот Сабаедин Даути.  Според договореното купувачот имал обврска на оваа парцела да изгради објект со намена А4 домување-времено сместување (хотели и пансион), согласно Урбанистичкиот план за таа парцела. Но, купувачот не ги почитувал роковите за добивање одобрение за градење, ниту пак на оваа парцела е почната изградбата.

Уште откако е извршено отуѓувањето на ова државно земјиште, меѓу мештаните од околните села Леуново, Никифорово, Врбен, Маврово, населбата Маврови Анови се проширила информацијата дека некој тука сака да изгради џамија. На собирот на жителите на овие населени места во март годинава од претставници на Одделението за урбанизам на општината им било кажано дека на таа локација биле планирани два објекти, од кои едниот во кружна форма и одвоен од другиот за кој „основано се сомневаме дека треба да биде верски објект – џамија“.

Откако мештаните ја провериле целата документација станало јасно дека според Законот за градежно земјиште, член 76, за ваква парцела има рок од 9 месеци да се побара одобрение за градба и во рок од две години да се изгради објектот. Ова по автоматизам значи дека договорот за купување на земјиштето со Незир Сулејмани е ништовен и државата досега требала да си го врати во сопственост тоа земјиште.

Токму ова од страна на Министерството за транспорт и врски и му е наложено на актуелниот градоначалник на Маврово Ростуша Медат Куртовски, но засега тој за овој случај молчи – и пред новинарите и пред Министерството.

Медат Куртовски

Градоначалникот по сила на закон досега морал ова да го стори без да чека на укажувањата од Министерството за транспорт и врски, пишуваат во бројните протестни писма мештаните од селата Леуново, Маврово, Никифорово, Врбен, Кичиница, Ново Село и населбата Маврови Анови, кои деновиве се испратени до сите надлежни државни институции.

А.Д.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе