Локални избори

Градоначалник во првиот изборен круг се станува со мнозинство гласови од една третина од запишаните избирачи

За да биде избран некој кандидат за градоначалник во првиот круг условот е на изборите да излезат една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, а кандидатот да добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале.

Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градот Скопје, не излезат една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина.

Во најголем дел општини има по повеќе или неколку кандидати за градоначалници и листи за советници, а во дваесетина општини би можело да се очекува гласањето да заврши во првиот круг од изборите бидејќи таму има само по двајца кандидати за градоначалници.

Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општина не го добил потребното мнозинство гласови во согласност со член 132 став 1 од Изборниот законик, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласањето. Во вториот круг на гласање за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови.

Ако и по вториот круг од кои било причини не се избере градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Советници се избираат во првиот круг од изборите и притоа се употребува пропорционалниот модел, при што распределбата на мандатите се врши по Донтовата формула. Според формулата, вкупниот број гласови добиен за предложените кандидатски листи се дели со низот на делители 1,2,3… сè до бројот на членовите на советот кои се избираат во конкретната општина. Вака добиените количници се редат по големина, при што се земаат предвид оние најголеми количници колку што се избираат членови во советот. Една листа на кандидати добива онолку членови во советот колку што има најголеми количници од оние кои се земени предвид.

На утрешните локални избори за градоначалничката функција ќе се натпреваруваат 299 кандидати, а ДИК потврди и 576 листи за советници. Свои кандидати имаат коалиции, политички партии, а овој пат има и бројни независни кандидатури. Градоначалници и советници ќе се избираат во сите 80 општини и градот Скопје.

Кампањата за вториот круг од изборите почнува веднаш по неделните избори, в понеделник, 18 октомври, и завршува на 29 октомври, додека гласањето треба да се одржи на 31 октомври.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе