Град Скопје ја завршил обврската на бул. Киро Глигоров, Министерството чека допис дека е завршен проектот

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во однос на застојот на процесот на реконструкција на булеварот Киро Глигоров вели дека она што било обврска на Град Скопје е целосно завршена и оти се очекува финализација од страна на Министерството за транспорт и врски за делот што е останат. Од Министерството за транспорт и врски, пак, изјавија дека очекуваат официјален допис од Град Скопје во најбрз можен рок за да се финализира проектот.

Фото: Пиксабеј

„Она што како проект Град Скопје го имаше кај Бриколаж на булеварот Кирo Глигоров од наша страна е целосно завршено. Секако во овој момент се очекува финалната фаза за реконструкција на делот што е останат од страна на Министерството за транспорт и врски, што е проект финансиран од Светска банка, и се надевам дека наскоро ќе почне да се имплементира и верувам во краток период ќе биде завршено“, истакна Арсовска на прашање за застојот на реконструкцијата на булеварот Киро Глигоров.

Од Министерството за транспорт и врски, во пишана изјава за МИА, наведуваат дека не биле информирани од Град Скопје дека можат да почнат со реконструкцијата и најавуваат дека штом ќе добијат официјален допис од Град Скопје, ќе се направи увид на терен и ќе се почне со активностите.

„Министерството за транспорт и врски како инвеститор на реконструкцијата на булеварот Киро Глигоров има избрано изведувач пред цели 13 месеци, односно уште во јули 2021 година, по што бевме информирани од Град Скопје дека не можеме да почнеме со реконструкција, поради извршување на други градежни работи во дел на подземната инсталација на истиот булевар. Очекуваме во најбрз можен рок да добиеме официјален допис со кој Град Скопје ќе нѐ информира за моменталната состојба на терен, по што нашите инженери ќе извршат увид и доколку се создадени услови за почеток на реализација на проектот, веднаш ќе се пристапи со механизација на терен“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Асфалтирањето на булеварот Киро Глигоров на потегот од мостот Близнак до крстосницата со улицата Перо Наков почна во октомври 2021 година, по завршувањето на поставувањето на атмосферската и фекалната канализација, кое беше почнато во јули истата година.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе