Гошев: Министерката Ангеловска ја искористила својата положба за да си ги повлече парите од „Еуростандард банка“ (ВИДЕО)

Поранешниот гувернер, Петар Гошев во изјава за ТВ24 вели дека министерката за финансии Нина Ангеловска ја злоупотребила својата положба со повлекувањето на парите од „Еуростандард банка“. Таа, вели Гошев, како дел од Комитетот за финансиска стабилност цело време знаела каква е состојбата во банката.

Нина Ангеловска, министерката за финансии, ги демантира тврдењата дека го повлекла депозитот навремено од Еуростандард по претходен дослух на деловна тајна дека банката ќе ја изгуби лиценцата за работење.

„Сите промени на имотната состојба на министерката се уредно пријавени во анкетниот лист и ги охрабруваме новинарите-истражувачи да ги погледнат датумите на пријавените промени. Потенцираме – промените се направени пред подолг период и јасно може да се увиди дека немаат никаква поврзаност со губењето на лиценцата за работа на Еуростандард банка.

Ги охрабруваме сите слободно да ги проверат информациите од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)“, соопшти Ангеловска преку Министерството за финансии. 

Нина Ангеловска кога дојде на позицијата министер за финансии на Република Македонија во својот анкетен лист пријави дека има депозит во вредност од 250.000 евра во Еуростандард банка. Во последниот анкетен лист таа сума ја нема.

Од Народна банка информираат  дека датумот на укинувањето на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје, е со Решението бр. 15-20139/1 од 12 август 2020 година.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе