Градоначалникот на Ресен ја демантира Стаменковска-Стојковски

Гошаревски: Постапката за вработување беше според законските регулативи

Градоначалникот на Ресен ја повикуваат Стаменковска-Стојковски заедно со државниот управен инспекторат да дојдат во Општина Ресен и да се уверат во правилноста на постапката за наводното „незаконско“ вработување. 

„По повод денешната прес конференција на дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација во техничката влада, Невенка Стаменковска-Стојковски и искажаните лаги и невистини за објавениот јавен оглас на Општина Ресен, Ве известувам дека постапката беше според законските регулативи за што и имаме и позитивно мислење од Министерство за информатичко општество и администрација“, пишува во демантот Живко Гошаревски, градоначалник на Општина Ресен. 

„Имено, членот 20-б од Законот за вработените во јавниот сектор е насловен како „Постапка за донесување на планот". Овој член се однесува и се применува за иницијално донесување на годишен план, како и за измена, за дополнување или за измена и дополнување на планот. Постапката за изменување и/или дополнување на планот е идентична во однос на фазите на постапката, роковите и правилата што се однесуваат на дадени мислења, односно согласности, како и постапката за неговото иницијално донесување. Оттука, правилото според кое недавањето на согласност во законски утврдениот рок се смета за одобрување, како за иницијалното донесување на годишниот план, важи и за планот за изменување и дополнување на веќе донесениот план, односно доколку органот надлежен за буџет на институцијата (во конкретниот случај Советот на општина Ресен) не постапил по барањето во рок идентичен за донесување на иницијалниот план (најдоцна во рок од 1 месец од приемот на предлог измената на планот), се смета дека ја дал согласноста“, стои во демантот од Гошаревски. 

Градоначалникот на Ресен рече дека го поддржуваат барањето на Стаменковска Стојковски и воедно ја повикуваат, како што вели, и неа заедно со државниот управен инспекторат на кој што се повикува на денешната прес конференција, да дојде во Општина Ресен  и да се увери во правилноста на постапката.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе