Гордана Силјановска предлага договорот со Грција и Иванов и Владата да го пратат на мислење до Венециската комисија

Пред да го достави до Собранието договорот со Грција за промена на името, Владата да побара пријателско мислење (amicus curie brief) од Венециската комисија, предлага професорката Гордана Силјановска Давкова.

„Предлогот би можел да дојде и од претседателот на државата, како надлежен за потпишување на указот за прогласување на Законот за ратификација на договорот. Се разбира, доколку дојде до оспорување на уставноста на Законот за ратификација на договорот пред Уставниот суд на Република Македонија, предлагам тој да побара пријателско мислење (amicus curie brief) од Венециската комисија.

И Владата на Република Македонија може да побара мислење од Венециската комисија за амандманите на Уставот на Република Македонија што ќе произлезат од договорот, пред да ги достави до Собранието.

Предлозите за мислење на Венециската комисија би можеле да дојдат и од претседателот на Собранието, пратеничката група на СДСМ, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и/или било која друга пратеничка група, во функција на одлучувањето за нив во Собранието“, предлага професорката Силјановска- Давкова.

Венециската комисија е советодавно тело на Советот на Европа каде Македонија е полноправна членка. 

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе