АПЕЛАЦИСКИ СУД СКОПЈЕ

Гордана Јанкуловска: Против мене се изнесоа многу невистини и тоа сакам да се расчисти

Фактите се на моја страна. Давам ветување и ќе инсистирам на побрзо завршување на судската постапка. Последното што ми паѓа на памет е да бегам. Против мене се изнесоа многу невистини и сакам сето тоа да се расчисти. Не сум сторила ниту едно кривично дело. 20 години работам во интерес на Република Македонија, во институции кои се борат против криминалот. Неосновано е за мене да се бара притвор бидејќи ако некој нема интерес од бегство - тоа сум јас, рече Гордана Јанкуловска, поранешната министерка за внатрешни работи на денешната јавна седница на Апелацискиот суд во Скопје.

За влијанието врз сведоци таа додаде дека повеќе од две години не влегла во МВР ниту пак се гледа со некој од вработените.

„Не се гледам со никој од вработените во МВР. Од моето разрешување до денес се сменија повеќе министри за внатрешни работи, 12 години извршувам јавна функција, од 2015 до денес во контиунуитет преку медиумите добивам сознанија дека СЈО ќе поднесе обвинение против мене. Обвинителите од СЈО можат да бидат сведоци дека не сум одбегнала ниту една покана. Тие нека кажат дека цела година не ни дозволуваа увид во списите. Верувам дека судот ќе биде праведен и нема да се солидализира со некој кој спроведува политичка агенда, односно СЈО. Нема основа за притвор и со оглед на мојот личен и професионален профил како и функцијата преку која сум се борела со криминалот“, рече Јанкуловска.

СЈО побара притвор за Јанкуловска поради тоа што таа е обвинета за три кривични дела и ѝ се заканува најмалку 5 години затвор. Специјалниот обвинител Гаврил Бубевски на јавнаата седница рече дека за Јанкуловска постои сознание и доказ дека влијаела врз член на партијата од ВМРО-ДПМНЕ, кој е сведок во постапката.

Одбраната на Јанкуловска тврди дека тие имаат сознание дека сведокот за кој збопрува СЈО претходно била соообвинета во постапката и според нив, ова е доказ што е прибавен на незакониот начин.

Адвокатот Боро Тасевски образложувајќи ја жалбата наведе дека Јанкуловска е дипломиран правник со висока акдемска титула од областа на правните науки и таа не заслужува ваков третман. Според адвокатот Тасевски и обвинителството и судот знаат за каковц профил на личност и кадар се работи и на Јанкуловска, а со барањата за притвор ѝ се нарушени сите права. Димитар Дангов, адвокат на Јанкуловска, во своето излагање посочи дека се работи за доктор на науки покажувајќи кон Јанкуловска на што таа возрати со насмевка.

Одбраната на Јанкуловска тврди дека Министерството за внатрешни работи со кои таа раководела располага со страшни работи за присилба и таа сигурно за да влијае врз сведок, како што тврди СЈО, не би го замолила на кој начин да сведочи во постапката. Тоа за одбраната е несоодветно.

К.Д. 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе