Предлогот беше утврден со мнозинство гласови од присутните членови на Централниот одбор, по завршување на дебатата, се вели во партиското соопштение.
Во соопштението се додава дека на Централниот одбор биле утврдени предлог листите за членови на Централниот одбор и на Надзорниот одбор.
„Покрај кадровските прашања беа утврдени и конгресните документи и тоа: Предлог-статут за изменување и дополнување на Статутот на НСДП, Извештај за работата на НСДП помеѓу Четвртиот и Петтиот Конгрес и Предлог-програмска платформа за делување на НСДП во наредните четири години и други конгресни одлуки“.
Инаку, пред седницата на Централниот одбор, пред неколку денови Организацискиот одбор за подготовка на Конгресот издаде соопштение во кое беше наведено дека на ЦО на НСДП му се предлага Мисовски за кандидат за претседател.
Со соопштението не се согласија долгогодишниот лидер на партијата Тито Петковски кој рече дека таквиот предлог не е статутарен бидејќи, како што нагласи, има уште девет номинации за функцијата, но и дека не е демократски Конгресот да нема избор од повеќе кандидати,
За лидерската функција беше кандидиран и организацискиот секретар на партијата Кристијан Трајковски, кој исто така реагираше дека Организацискиот одбор постапил спротивно на статутот.