Горан Милевски потврди дека ќе даде оставка на функцијата министер за локална самоуправа

Горан Милевски утрово во изјави за неколку медиуми ја потврди вчерашната информација дека ќе се повлече од  функцијата министер за локална самоуправа во Владата.

„После тригодишно извршување на функцијата министер за локална самоуправа сметам дека е време за промени и на ова место да дојде друг кадар од ЛДП“, вели Милевски во врска со информациите во медиумите дека се повлекува од функцијата во Владата.

Во ЛДП, партијата чиј претседател е, се водат разговори за негов наследник во министерскиот ресор. Тој тврди дека не постои раздор во партијата и оти до крајот на годината треба да се одржи редовен конгрес на кој ќе се донесат клучни партиски одлуки.

Милевски во 2015 година ја наследи лидерската позиција во ЛДП од Андреј Жерновски.

Горан Милевски е министер за локална самоуправа од 2019 година. Оваа функција ја извршуваше во првиот мандат на Владата предводена од Зоран Заев, во преодната Влада, а потоа и во вториот мандат на владиниот состав на Заев. Ресорот локална самоуправа го задржа и во актеулана Влада на премиерот Димитар Ковачавески, избарана на 16 јануари годинава.

Од Владата и од ЛДП засега нама коментар за најавената оставка на Милевски.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе